Logo

17/05/2021

16 години Дирекција за заштита и спасување


По повод шеснаесет годишнината од  формирањето на Дирекцијата за заштита и спасување вчера на ден 17.05.2021 година, беше спроведена симултаната вежба спасување од вода.

На вежбата организирана од ДЗС, директорот на Дирекцијата д-р Bekim Maksuti го пречека и Градоначалникот на Општина Велес г-дин Аце Коцевски во придружба на претставници на Советот на Општина Велес. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и Градоначалникот на Општина Велес им се обратија на присутните и на Тимовите за брз одговор (ТМО) на Велес и Кочани, за успешната спроведена вежба која беше одржана во езерото Младост – Велес.

Исто така од страна на Директорот на д-р Bekim Maksuti и Заменик директорот Зулфикар Зејнулаи заедно со претставници на Шумското стопанство „Бабуна“,  беа садени и 16-шестнаесет садници јасен во близина на езерото Младост – Велес.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување Со работа започна 16.05 2005 година Дирекцијата е самостоен орган на државната управа Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации