Logo

08/07/2021

СООПШЕНИЕ ДО ЈАВНОСТA


Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, а врз основа на член 57, став 3, од Законот за шумите, ЈП Национални шуми воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на РСМакедонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Делумната забрана за движење во шума почнува да важи од 02.07.2021 година во временски период од 06:00 до 20:00 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.
Оваа делумна забрана не важи за вработените во ЈП Национални шуми и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие, како и за лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба.
ЈП за стопанисување со државни шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ п.о. - СКОПЈЕ

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување Со работа започна 16.05 2005 година Дирекцијата е самостоен орган на државната управа Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации