28/03/2024

Менаџирање на стресот на работно место

Согласно обврските кои произлегуваат од потпишаниот Меморандум за соработка со Комората на психолози на ден 10.10.2018 се одржа еднодневна работилница на тема "Менаџирање на стресот на работно место како превенција за развој на посттрауматскиот стрес" -PTSD.
Предавач на оваа тема беше д-р Маријана Јовановска Стојановска и доцент д-р Весна Блажевска.Во работилницата учествуваа 30 луѓе вработени во ДЗС и ПОЗС во Скопје кои се распоредени во ПШЗС или во тимовите за брз одговор.Сите учесници се стекнаа со основни знаења од горенаведената тема.