18/04/2024

Меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави "Србија 2018"

На 7.10.2018година директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-н Аднан Џафероски,ги испрати припадниците на Републичките сили за заштита и спасување на меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави "Србија 2018" во Младеновац,Србија.ДЗС со сопствени средства и сили се вклучи во вежбата со вкупно 24 припадници.
Директорот на ДЗС на испраќањето кажа дека верува дека нашите тимови во Србија ќе се покажат во најдобро светло и дека од таму ќе се вратат со пофални зборови и со добри вести.
Вежбата е  под покровителство на NATO – Euro Atlantic Disaster Response Coordination Center (EADRCC).

Со учеството на оваа меѓународна вежбовна активност се зајакнуваат капацитетите и подготвеноста на  тимовите за прв одговор, територијалната против пожарна единица од Тетово и Струмица како и Единицата за службени кучиња на МВР, кои се во состав на силите за заштита и спасување при ДЗС во делот на оперативно дејствување при спасување од урнатини и поплави.  Истовремено, се зајакнуваат и капацитетите на Дирекцијата за заштита и спасување за прием и пружање меѓународна помош при спасување од урнатини и поплави.

Преку вежбата ДЗС овозможува и промоција на Република Македонија како силен партнер во справувањето со природните непогоди и други несреќи на меѓународно ниво и создава можност за проверка на обученоста и подготвеноста на силите за заштита и спасување на Република Македонија.