18/04/2024

Регионален семинар на тема „Правните аспекти на одбранбената поддршка на цивилните власти“

Од 16-21 септември 2018 година во Приштина, Косово се одржа регионален семинар на тема „Правните аспекти на одбранбената поддршка на цивилните власти“ организиран од страна на Амбасадата на САД, Канцеларија за безбедносна соработка. Претставник од Дирекцијата за заштита и спасување беше Оливера Пренк, помлад соработник во Одделението за меѓународна соработка во Секторот за заеднички работи. Освен претставник од ДЗС, од Република Македонија имаше претставници и од –АРМ, МВР и ЦУК.
Овој регионален семинар го опфати проучувањето на примената на домашните и меѓународни правни проблеми кои се јавуваат во контекст при катастрофи и немири, како што е употребата на сила, меѓуинституционална координација при управување со катастрофи и итни операции, кривично гонење и т.н хибридна војна. Темите кои беа презентирани опфатија:
- вообичаено мирно-времено спроведување на законот,
- повеќе предизвикувачки прашања како што е одговор на катастрофи и граѓански немири,
- во безбедносно опкружување (тероризам и немири) кои ја надминуваат границата помеѓу спроведување на законот и конфликтот
-и на крајот самиот вооружен конфликт.