Weekly News

Logo

24/09/2018

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 7 (седум) лица преку засновање на работен однос на определено време


Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст), а во врска со член 23 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14 и 27/2016), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр.01-625/1 од 20.02.2018 година, бр.01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година,  објавува:

О Г Л А С

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 7 (седум ) ЛИЦА НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 7 (седум) лица преку засновање на работен однос на определено време за работните места:

I     Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот

 

  1.Самостоен референт – архивар, одделение за генерален инспектор - 1 извршител,

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: завршено вишо, средно стручно или гимнзија
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење

      Паричен износ на основна нето-плата: 15.689,00 денар  за работното место под реден број 1 .

 

   2.Раководител на ПОДЗС  Крива Планка во Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: завршено одбрана, образование или правни науки  
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен да има ниво на квалификации, 
  • Работно искуство: најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку 1 година работено во јавен сектор, односно 6 години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно место во приватен сектор

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење
  • потврда за положен испит за административно управување

Паричен износ на основна нето-плата: 28.433,00 денари за работното место под реден број 2

      3. Помлад соработник за пополна на штабови, единици и тимови за брз одговор со персонал одделение за организациско мобилизирачки работи во Сектор за оператива и логистика

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: завршено  одбрана , образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење

Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00 денари за работно место под реден број 3

        4.  Раководител на ПОДЗС Кавадрци во Сектор за оператоива и логистика          

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: завршено градежништво и водостопанство,образование или одбрана
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку 1 година работено во јавен сектор, односно 6 години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно место во приватен сектор
  • положен испит за административно управување

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење

Паричен износ на основна нето-плата: 28.433,00 денари за работното место под реден број 4

 

5. Советник за планирање и организирање на обука по хуманитарни мерки за заштита и спасување во Одделение за  обука во Сектор за превенција и планирање и развој.

Кандидатот  покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Одбрана , Образование или Правни науки
  • Стручни квалификации:  ниво на квалификација  VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење

Паричен износ на основна нето-плата: 25.023,00  денари за работното место под реден број 5

 

6. . Советник за урбанистички планови во Одделение за издавање на урбанистичка согласност во сектор за превенција, планирање и развој

Кандидатот  покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: градежништво и водостопанство, архитектура, Урбанизам и планирање
  • Стручни квалификации:  ниво на квалификација  VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење

Паричен износ на основна нето-плата: 25.023,00  денари за работното место под реден број 6

 

7. Советник за урбанистички проекти од високо градба во Одделние за издавање согласност во Сектор за превенција, планирање и развој

Кандидатот  покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Градежништво и водостопанство , Одбрана
  •  Стручни квалификации:  ниво на квалификација  VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  •  Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцаларико работење

Паричен износ на основна нето-плата: 25.023,00  денари за работното место под реден број 7

II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здраствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена кај нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија/ оргинал или копија уверение за државјанство

2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда

4.Уверение/диплома за звршен степен на образование/копија со нотарска заверка верно на оргинал

5.Доказ за познавање на јазик

6.Доказ за работно искуство

7.Доказ за познавање на комјутерски програми/потврда-сертификат-оргинал или коија

8.Биографија

III. Распоред на работно време: Работни ќасови во неделата-максимум 40 работни часови,работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.

       Работни денови: од понеделник до петок.

           Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр . 8 - Скопје касарна Гоце Делчев –Аеродром - Скопје(со назнака ,,за оглас за вработување,,)

Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е осум (8) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување)

Изборот на кандидатите  ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.

 

 

 

 

 

                                                                        ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                     АДНАН ЏАФЕРОСКИ

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации