Weekly News

Logo

21/09/2018

Симулациска вежба - Сеопфатен одговор - Водно 2018


    Од 17-21 септември 2018 во Домот на АРМ, согласно програмата за Цивилно воената соработка (Civil Military Emergency Preparedness - CMEP) помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Инженерискиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави се одржа симулациска вежба - Сеопфатен одговор - Водно 2018 во која учество зема и Дирекцијата за заштита за спасување.
    На 19 септември 2018 во ВИП денот покрај директорот на ЦУК Агрон Буџаку, заменик министерот за одбрана-Беким Максути,командантот на Националната гарда на Вермонт-генерал Стивен Креј, министерот за транспорт и врски-Горан Сугарески, директорот на Генералштабот на АРМ-генерал мајор Зоран Милески, учество и свое обраќање имаше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски.
    Од ДЗС учество земаа и Ивица Наумовски-во групата на Операции, а во својство на лидер на групата, Душка Целеска и  Александар Михов – членови на ГШ, Асим Селмани-член во групата за Планирање, во својство на контролор во вежбата, Дејан Спасевски-член во NICS групата и Оливера Петрушевска-од одделението за односи со јавност како претставник на Медиа центарот.
     ДЗС имаше вклучено и Подрачен штаб од 7 луѓе кои беа во својство на поддршка на ГШ на вежбата.
    Главната цел на вежбата е да ги потврди можностите и способностите на ГШ за управување на кризи за координација и комуникација со институциите на РМ при одговор во кризна состојба т.е. да се потврди меѓу институционалната комуникација за време на реакција за справување со поплава од голем размер и проверка на капацитетите за реакција.
ДЗС следната 2019 година ќе биде носител на национална теренска вежба како продолжување на оваа командно-штабна вежба. Деталите околу истата ќе бидат дефинирани во месец ноември 2018 година.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации