Weekly News

Logo

20/09/2018

Меморандум за соработка со Факултетот за безбедност


Дирекцијата за заштита и спасување, во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка, на 20.09.2018 година, потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за безбедност при Униврзитетот "Св Климент Охридски"- Битола, со седиште во Идризово. Меморандумот го потпишаа господин Аднан Џафероски, дирeктор на ДЗС и проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот.
Целите на Меморандумот се остваруваат преку:
- размената на научни и стручни мислења од областа на заштитата и спасувањето;
- заеднички интерес за квалитативно унапредување на образованието;
- оспособување стручни кадри;
- подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување кадри;
- подготвување заеднички проекти, анализи и процени во заштитата и спасувањето;
- взаемни обуки, практична настава за студентите на Факултетот за безбедност со ангажирање стручни лица од Дирекцијата;
- организирање конференции, семинари, работилници и друго;
- взаемно користење на ресурсите и материјално-техничките средства заради реализирање на наставни програми и обуки.
Со потпишувањето на овој Меморандум, двете институции ќе дадат свој квалитетен придонес кон градењето современ безбедносен систем, кој се темели врз знаење, искуство, стручност и квалитет.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации