Weekly News

Logo

12/09/2018

Работна средба со нејзината Екселенција, госпоѓа Лепа Бабиќ, амбасадор на БиХ во Македонија.


На 12 септември 2018 година, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Г-дин Аднан Џафероски оствари работна средба со Нејзината Екселенција, госпоѓа Лепа Бабиќ, амбасадор на БиХ во Македонија. На средбата се разменија мислења за состојбата со цивилната заштита во двете земји, како и за взаемната соработка, која е врамена и со билатерален договор, потпишан во 2008 година во Скопје. Амбасадорката Лепа Бабиќ беше информирана за претстојната обука на нашите пиротехничари во Центарот за обука за деминирање во Босна и Херцеговина, на која и претходеше анализа на состојбите на мерката за заштита и спасување од неексплодирани убојни средства. Се разговараше и за тоа да се унапреди соработката и во други сфери на цивилната заштита, за што ќе се подготват и потпишат дополнителни протоколи. И покрај организациските разлики на поставеноста и функционалноста на безбедносните структури во двете држави, заедничката историја и традиционално добрите меѓусебни односи, придонесуваат соработката и взаемната помош да се одвиваат непречено. Во прилог на тоа зборува и фактот што за време на поплавите во околината на Скопје во 2016 година, Босна и Херцеговина испрати тим за спасување, опремен со специјални возила и пумпи за чистење кал и нанос. Оваа средба е уште една во низата билатерални средби, од која произлегуваат конкретни планови за идни активности кои Амбасадата на БиХ целосно ги поддржува.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации