29/03/2024

Бригадирска средба во Катланово по повод свеченото одбележување на акцијашките јубилеи

“Градењето одржливо општество го отсликува тоа кон кое треба да се стремиме. Скопје, епицентарот на сите збиднувања, заслужува да биде град со кој ќе се гордееме. Не смееме да го уништуваме светскиот синоним на солидарноста”-порача вчера Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски на Бригадирската средба во Катланово по повод свеченото одбележување на акцијашките јубилеи, 70 години МРА Маврово,55 години Скопје 63 и 40 години МРА Автопат Братство единство 78.

Тој апелираше кон сите чинители во безбедносниот систем на РМ,за почитување и спроведување на пропишаните обврски . А,како сериозни задачи пред нас дека стојат превенцијата и планирањето.