28/03/2024

Регионален состанок на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за земјите од Југоисточна Европа, DPPI SEE.

Во период од 14-15 април 2021 година, се одржа 41. Регионален состанок на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за земјите од Југоисточна Европа, DPPI SEE.

На состанокот се разговараше за активностите на службите за цивилна заштита во земјите членки на Иницијативата, во периодот помеѓу двата регионални состаноци. Акцент беше ставен врз справувањето со КОВИД-19, но и врз останатите редовни и вонредни активности на службите, како што беше справувањето со последиците од земјотресот во Хрватска и поддршката што беше пружена при тоа. Во тој контекст, истакната е потребата од поинаков пристап кон каскадните мулти-хазардни ризици.

На состанокот се разговараше за статусот со ратификација на Договорот за поддршка на земјата домаќин со кој се регулира правниот статус на Секретаријатот на DPPI SEE, со седиште во Сараево,  во Босна и Херцеговина.Во С. Македонија, Договорот е во процедура во Владата.

Понатаму, беше презентирана годишната програма за обуки за 2021 година, како и тековните и идни проекти.

На 15.04.2021 година, продолжува состанокот на Советодавниот Борд, на кој учество ќе земат претставници на повеќе меѓународни организации, како DG-ECHO, UNDP, WB и други, со кои DPPI SEE соработува.