Logo

01/02/2021

ЈАВЕН ПОВИК 2021


Врз основа на член 55став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа ("Службен весник на РМ" бр.58/00, 44/2002, 82/08, 167/10 и 51/11), член 98 ст.3 од Законот за заштита и спасување („Сл. Весник на РМ“ бр. 36/2004, 49/2004, 86/2008, 124/10, 18/11,41/14,129/15, 71/16, 106/16 и 83/18) член 7 став 1 од Законот за буџетите (Службен весник на Република Македонија бр.64/05, 04/08, 103/08, 156/09, 95/10, 180/11 и 171/12), а во врска со Уредба за видот на средствата и добитокот кои граѓаните, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите ги даваат на користење на ДЗС, за начинот на водење на евиденција и за висината на надоместокот за нивно користење, оштетување и уништување. (Сл.весник на Република Македонија бр. 89/06) и Уредбата за именување на уредбата за висината и начинот на остварување на надоместокот на граѓаните во извршување на правата и должностите во заштитата и спасувањето. (Сл.весник на Република Македонија бр. 34/10) и Стандардни оперативни процедури за начинот на избор на фирмите со кои Дирекцијата за заштита и спасување склучува договори.

 

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО ГРАДЕЖНИ ФИРМИ И КОМПАНИИ

Предмет на овој јавен повик е склучување на договор со

  1. Градежни фирми и компании кои поседуваат градежна и друга специјализирана механизација која би можела да се искористи во акциите за заштита и спасување што ги превзема Дирекцијата за заштита и спасување при справување со природни и други непогоди и што бараат извршување на следниве работи:
  • Расчистување на градежен материјал и шут
  • Пробивање низ разрушени објекти и обезбедување на истите за извлекување на жртви, подигање на разрушени делови од објекти и сл.
  • Чистење на снежни наноси и лавини
  • Чистење на речни корита и подигање на заштитни насипи, расчистување на одрони и свлечишта
  • Изведување на противпожарни пресеци при шумски пожари
  • Транспорт на градежна механизација, песок, камен и сл.
  • Транспорт на стоки, храна, добиток и сл.
  • Транспорт на гориво, вода за пиење, техничка вода, водаза гаснење на пожари и сл.
  • Други услуги кои би се наметнале како потреба при справувањето со непогодите.

2. Фирми кои се занимаваат со превоз и транспорт на луѓе. Овие фирми би обезбедувале превоз на припадниците на силите на ДЗС како и други лица кои се ангажирани или на друг начин поврзани со работата на ДЗС и население. Превозот би се вршел како во државата така и надвор од неа во случај кога Дирекцијата за заштита и спасување има ангажман во странство.

3. Фирми од областа на трговијата со прехранбени и други артикли за снабдување на припадниците на силите на ДЗС со прехранбени и други артикли при нивно ангажирање.

 

ПРАВО НА УЧЕСТОВО

Право на учество во јавни повик имаат сите ТД, фирми и правни субјекти кои ќе ги исполнат условите наведени во овој оглас.

 

УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

Фирмите од точка 1. на овој јавен повик е потребно:

Да располагаат со сопствени машини, товарни и превозни средства.

Да имаат можност за транспорт на машините на разни локации низ државата.

Механизацијата да не е постара од 15 години.

 

Фирмите од точка 2. на овој јавен повик е потребно:

Да располагаат со сопствени транспортни средства.

Да има транспортни средства со различен капацитет - автобуси, минибуси и комби возила

Превозните средства да користа агрегати со најмалку Еуро 4 стандард со можност за патување во странство.

 

Фирмите од точка 3. на овој јавен повик е потребно

Да имаат во асортиманот артикли за обезбедување на дневно следување со храна и пијалаци на припадниците на силите на ДЗС.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Тековна состојба на фирмата (точка 1,2 и 3)

Преглед-список на механизацијата со која располага фирмата (точка 1 и 2.)

Изјава на фирмата дека механизацијата е во нивна сопственост и документ за староста на машините како и задоволување на Еуро 4 стандард (сообраќајна дозвола) и дека имаат можност за транспорт на машините. (точка 1 и 2.)

 

НАЧИН НА ИСПЛАТА

Начинот на исплата по основ на ангажирање на фирмите ќе се врши согласно Уредба за видот на средствата и добитокот кои граѓаните, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите ги даваат на користење на ДЗС, за начинот на водење на евиденција и за висината на надоместокот за нивно користење, оштетување и уништување. (Сл.весник на Република Македонија бр. 89/06) а додека пак ангажирањето на лицата кои ќе ги управуваат градежните и друг вид машини и транспортни средства ќе се врши согласно Уредбата за висината и начинот на остварување на надоместокот на граѓаните во извршување на правата и должностите во заштитата и спасувањето. (Сл.весник на Република Македонија бр.12/06 и 34/10)

 

НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ

Пријавата за склучување на договор за ангажирање се доставува до ПО на ДЗС каде е седиштето на фирмата.

Јавниот повик е отворен до крајот на 2021 година.

Контакт лице е Ивица Наумовски, тел. број 075-457-596.

За дополнителни информации: Подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

Директор

Bekim Maksuti

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување Со работа започна 16.05 2005 година Дирекцијата е самостоен орган на државната управа Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации