19/04/2024

Пакетчиња за децата по поводо новогодишните празници

По повод новогодишните празници, во име на Дирекцијата за заштита и спасување и на директорот г-дин Беким Максути денеска беа посетени и поделени пакетчиња за децата на семејствата кои загубија животи од водената стихија на 06 август 2016 година во Сингилиќ и Стајковци.

Целта на ова добронамерна акција беше да се посетат и  да не се заборават семејствата кои ги изгубија најмилите.
Директорот исто така им посака најубави желби на децата и на другите семејства кои беа погодени од катастрофалните поплави.