28/03/2024

Реализирана обуката и тренинг-вежбата за справување со пожари на отворен простор и спречување на поплави

Дирекцијата за заштита и спасување организираше Обука и тренинг вежба во Дојран на просторните сили од општините на Гевгелиско - Валандовскиот регион за справување со пожари на отворен простор и тренинг вежба за тимот за спречување на поплави и испумпување на вода.

На обуката и вежбата учествуваа околу 45 учесници од следните структури:ДЗС -ПО Гевгелија,Валандово и Струмица, Тимот за спречување на поплави,тимот за брз одговор за пожари Валандово, доброволното противпожарно друштво Дојран, тимот за Прва помош при ЕЛС Валандово, ТППЕ Гевгелија и Валандово, ЈП Македонски шуми Саланџак мобилна екипа и Кожув Гевгелија. На вежбата присуствуваше и Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Г-дин Аднан Џафероски, на кого му беа презентирани методите и техниките при справување со пожари и поплави како и презентација на МТС и опрема.