Weekly News

19/05/2020

15 години - Дирекција за заштита и спасување


Прославивме 15 години од формирањето на Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите кои ги превземавме заедно во овие 2.5 години ја покажаа оправданоста и улогата која ја имаат припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување во општеството. Со отпочнување на реорганизацијата, формирање на тимови за брз одговор, набавка на нови униформи со највисоки стандарди на заштита, набавка на најсовремена опрема за тимовите, меѓународни обуки и вежби, нови правилници за функционалните ознаки, правилник за стандардизација на униформите на припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, правилник за стандардизација и унифицирање на униформите на пожарникарите, ни дава за право да заклучиме дека Дирекцијата за заштита и спасување се движи во вистински правец.

Изминатиов период, градевме пат и отворивме нови можности за меѓународна соработка со сродни институции во делот на Цивилната заштита, потпишавме нови билатерални договори, одржавме билатерални средби со соседните земји и отпочнавме континуирана регионална соработка како важен дел за безбедноста на регионот.
Aктивно работевме и на меѓуинституционалната соработка во Република Северна Македонија со одржување на големи вежби, каде што ја покажавме координираноста и подготвеноста на институциите во случај на несреќи и природни катастрофи.
Ги отпочнавме потребните промени за компатибилноста со најмоќната организација- НАТО Алијансата.
Учествувувме во повеќе активности од кои би издвоил неколку клучни настани:

- улогата на Дирекцијата за заштита и спасување во пречекот на Неговата Светост Папата Франциск во делот на изработка на планот за евакуација

- учеството на Републичките сили за заштита и спасување во справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Р. Албанија каде ја покажаа својата подготвеност и ефикасност.

-Континураното ангажирање и спремност на силите за заштита и спасување во спречување на внесување и ширење на Коронавирусот.

Работевме и на превенција и подигање на свеста на населението за намалување на ризиците од поплави и намалување на ризиците од пожари на отворен простор и за таа цел спроведовме кампања на цела територија на нашата држава. Во делот на превенција изготвивме и Семеен прирачник за заштита од природни непогоди и други несреќи кој ќе остане како трајна вредност во општеството.
И уште многу работи кои ги направивме заедно, само со една цел- заштита на луѓето и природата!
Ви благодарам што хумано одговоривте на секој предизвик.

Продолжуваме понатаму...

Среќен 15ти роденден!

Аднан Џафероски

Директор на Дирекција за заштита и спасување

#ИДНИНАТАИМПРИПАЃАНАОНИЕШТОСЕПОДГОТВЕНИ

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации