29/03/2024

Примопредавање на помошта од медицинските резерви на ЕУ

Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со МВР,  Царинската управа и ЈП за државни патишта, го организираше и реализираше приемот на опремата - 10000 заштитни маски, од медицинските резерви (rescEU Stockpiling medical resources) на Европската Унија. Помошта е доставена од страна на претставници на Генералниот инспекторат за вонредни ситуации при МВР на Романија, како одговор на нашето барање помош до Европскиот Механизам за цивилна заштита, за справување со КОВИД-19.
На примопредавањето на помошта присуствуваа г-дин  Аднан Џафероски, директор на ДЗС и Н.Е. г-дин Виорел Станила, амбасадор на Романија во Северна  Македонија.