25/04/2024

Благодарници од Р. Албанија за учество и несебична помош во справување од последиците на катастрофалниот земјотреској ја погоди Р. Албанија

На 13.01.2020 г. во посета на Дирекцијата за заштита и спасување присуствуваа Амбасадорот на Р. Албанија во Р. С. Македонија, Н.Е. Фатос Река, заедно со вториот секретар на Албанската амбасада, г-динот Ервис Лика.
На оваа официјална посета амбасадорот Река им додели благодарници на директорот на Дирекцијата за Заштита и Спасување, г-динот Аднан Џафероски, од името на Владата на Р.Албанија, за учеството и несебичната помош на Републичките сили на Дирекцијата за Заштита и Спасување во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Р.Албанија.
Благодарници беа врачени и на заменик директорот г-дин Екрем Зендели како и на сите учесници во акцијата на чело со тим лидерот, г-дин Ивица Наумовски.