Weekly News

25/12/2019

Доделени благодарници и пофалници по повод реализацијата на Годишната програма за работа на Центарот за обука


На ден 24.12.2019 г. на свечен прием, директорот на Дирекцијата за Заштита и Спасување, г-дин Аднан Џафероски, им додели на заслужните лица и компании благодарници и пофалници по повод реализацијата на Годишната програма за работа на Центарот за обука.

Благодарниците се доделени на правни субјекти, институции и поединци за материјална и организациска поддршка на работата на Центарот за обука.
Додека пак провалниците беа врачени на припадниците на републичките и просторните сили за вонредното залагање во извршувањето на своите работни задачи во службата и придонес во делот на остварувањето на обуките и целокупната област во заштитата и спасувањето .

Во текот на 2019 г. организирани се повеќе обуки и вежби од страна на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка и по барање на правните субјекти по следната структура :
- Организирани обуки и вежби 58
- Опфатени правни субјекти 73
- Директно вклучени и опфатени со обука се 3087 припадници на силите за заштита и спасување.
Бројки кои сами по себе покажуваат дека изминатата година била една од најуспешните од постоењето на Дирекцијата за Заштита и Спасување, а воедно и година во која за прв пат во историјата на нашата држава е издаден „Семеен Прирачник за заштита од природни непогоди и други несреќи“ затоа што
ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА ОНИЕ ШТО СЕ ПОДГОТВЕНИ.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации