Weekly News

19/12/2019

Годишен прием на Дирекцијата за Заштита и Спасување на Р.С. Македонија


Промоција на „СЕМЕЕН ПРИРАЧНИК - за заштита од природни непогоди и други несреќи”

На ден 17.12.2019 Дирекцијата за Заштита и Спасување, традиционално го организираше годишниот прием на кој присуствуваа претставници на државните институции кои координирано соработуваат со Дирекцијата заЗаштита и Спасување,како и претставници на дел од дипломатскиот кор во Р.С.Македонија од Руската Федерација,Република Франција,Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Амбасадата на Босна и Херцеговина ,чие присуство ја потврдува значајноста на Дирекцијата за Заштита и Спасување како дел од безбедносниот систем на нашата држава.
Покрај претставниците на дипломатскиот кор и државните институции, на приемот присуствуваа и претставници на Халк Банка и А.Д.ЕВН како општествено одговорни компании,со кои во изминатава година имавме успешна соработка која ќе продолжи и во наредната година.
Директорот на Дирекцијата за Заштита и Спасување,г-дин Аднан Џафероски, во својот говор пред присутните гости, даде краток отчет на остварените цели и задачи во изминатата година.
„Посебно би ги издвоил потпишувањата на нови билатерални договори и отпочнувањето на континуирана меѓународна соработка со сродни институции како важен дел за безбедноста во регионот и пошироко.
Паралелно работевме на реформи на системот за заштита и спасување и ги отпочнавме потребните промени за компатибилноста со најмоќната организација – НАТО Алијансата.
Зедовме активно учество во изработката на евакуациски план при пречекот на Неговата Светост Папата Франциск и секако учеството во републичките сили за заштита и спасување во справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Р.Албанија,каде нашите стручни тимови ја покажаа својата подготвеност и ефикасност.
Како заокружување на сите тие проекти,она што ме прави посебно горд е што за прв пат во историјата на нашата држава,нашиот стручен тим подготви - Семеен Прирачник за заштита од природни непогоди и други несреќи - во кој прирачник се опишани и илустрирани постапките за самозаштита и заштита на целото семејство од природни непогоди и други несреќи,со идеја овој прирачник да стигне во секој дом и да остане како трајна вредност во нашето општество затоа што:

ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА ОНИЕ ШТО СЕ ПОДГОТВЕНИ”

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации