29/03/2024

Успешна завршница на летната школа „Менаџирање со мигрантска криза“

         На 24 јуни 2018 година, со практична вежба за подигање камп за мигранти, со комплетна инфраструктира и запазување на процедурите за менаџирање на кампови, заврши летната школа "Менаџирање во случај на мигрантска криза", организиран од Филизофскиот факултет од Скопје, сродните факултети од БиХ и Хрватска, а со поддрша и учество на Дирекцијата за заштита и спасување.

        Студенти од наведените држави, после 5 дена теоретски подготовки и обука, практично демонстрираа како се гради камп за 500 мигранти, како се организираат финкционалните компоненти во истиот, со запазивање на меѓународно усвоените процедири и примена на стандардите од Sphere прирачникот. Уште еднаш се потврди дека соработката помеѓу различни институции и организации, обуките и вежбите, интегрирано дејствување и споделувањето искуства и знаење, е решението за успех.

       Едукацијата на младите за значењето на заштитата и спасувањето, нивно активно вклучување во справувањето со предизвици како што е мигрантската криза, е од огромно значење за градење здраво и стабилно општество. Дирекцијата за заштита и спасување ги препознав ваквите вредности, ќе продолжи да ги поддржува и да ги промовира.