28/03/2024

Пречек на припадниците на тимот за спасување од урнатини

Денес, 02.12.2019 година, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Аднан Џафероски ги пречека припадниците на тимот за спасување од урнатини на Дирекцијата за заштита и спасување и им се заблагодари за нивната професионалност, хуманост и солидарност која ја покажаа на меѓународната мисија во Република Албанија за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес.