28/03/2024

Состанок со првата механизирана пешадиска бригада

На ден 24.10.2019 (четврток) во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување се одржа состанок помеѓу раководители на сектори и раководители на одделенија при Дирекцијата за заштита и спасување и Командата на Првата механизирана пешадиска бригада предводена од Командантот- Полковник Бесник Емини. Mисијата на Првата механизирана пешадиска бригада е обезбедување на готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и давање поддршка при природни катастрофи, епидемии и други опасности. Една од главните задачи на Првата механизирана пешадиска бригада е и Цивилно воената соработка на чија што тема беше организиран овој состанок. Заклучокот од состанокот беше остварување на долгорочна соработка помеѓу Дирекцијата за заштита и спасување и Првата механизирана пешадиска бригада со единствена цел а тоа е заштитата и спасувањето на граѓаните на Република Северна Македонија.