Weekly News

28/06/2019

Меѓународна вежба "Србија 2019"


На покана на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Дирекцијата за заштита и спасување, со тим од 10 припадници, специјализирани за спасување на вода со употреба на чамци, учествуваше на меѓународната вежба во сферата на справување со вонредни ситуации "Србија 2019".

Вежбата се одржа на Бованско езеро, на територијата на општините Ниш и Алексинац. Покрај Северна Македонија, на истата учествуваа спасувачки тимови од Руската Федерација, БиХ, Унгарија, Турција и Куба, како и од Србија, а имаше набљудувачи и од други држави.

Овој настан, коорганизиран од страна на МВР на Србија и Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација е уште еден показател на взаемното содејство на тимови од разни специјалности, од разни држави, кои уште еднаш покажаа дека се максимално подготвени да се справат со предизвиците.

На 27 јуни 2019 година, на Денот за високи гости, од ДЗС учествуваа Заменик Директорот г-дин Екрем Зендели и г-ѓа Валентина Атанасовска, раководител на Одделението за меѓународна соработка.

Вежбата заврши со свечено постројување на тимовите, на кои им се обрати и срдечно им се заблагодари претседателот на Република Србија, господин Александар Вучиќ.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации