29/03/2024

План за справување со мигрантска криза

Во рамките на веќе воспоставената соработка со Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, денес, г-дин Џафероски се сретна со госпоѓа Мариа ДеБенито Родригез и г-дин Идриз Ибрахими. Тие, во соработка  со сите релевантни институции, во име на ОБСЕ, работеа на изготвување сеопфатен План за справување со мигрантска криза.
Во изминатиот период, беа организирани повеќе работилници и се изготви предлог-верзија на Планот.
Гостите информираа дека сега Владата го превзема овој проект и формира работна група, која, врз база на веќе изготвениот материјал, треба да го донесе конечниот План. Во овој процес ОБСЕ ќе се појави во улога на набљудувач, но останува на располагање за се што е потребно, се до завршување на проектот.
Дирекцијата за заштита и спасување, како и досега, максумално ќе се ангажира во изработката на Планот за справување со мигрантска криза.