29/03/2024

Работна посета во ЕВН за зајакнување на меѓуинституционалната соработка

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски, со своите соработници, во вторникот 2.4.2019 г.беше на работна посета во EVN, каде разговараше за отпочнување на меѓуинституционална соработка меѓу овие две институции.ДЗС има опточнато многу проекти кои планира да ги реалзиира во иднина, а за што и е потребна поддршка од општествено одговорна иснституција како EVN.Нивната соработка ќе даде квалитетен придонес кон градењето на современ безбедносен систем, кој се темели врз искуства, знаење , стручност и квалитет, но пред се соработка во превенција и едукација на населението бидејќи иднината им припаѓа на оние кои се подготвени.