29/03/2024

Работен состанок со сите надлежни субјекти за заштитата од пожари

На 21 март 2019 година во организација на ПОЗС Кичево се одржа работен состанок со сите надлежни субјекти за заштитата од пожари. Активно учество и максимален придонес во дискусијата дадоа сите чинители на заштитата и спасувањето на територијата на општина Кичево. Дирекцијата ја презентираше стандардната оперативна процедура и укажа од потребата на нејзино максимално почитување. Од состанокот произлезе потребата од подобра координација помеѓу општинските субјекти и ефикасно искористување на човечките потенцијали и материјално техничките ресурси кое ќе придонесе за успешно справување со пожарите.