28/03/2024

Работилница на тема „Женско лидерство во областа на безбедноста во Република Македонија“

Претставници од Дирекција за заштита и спасување учествуваа на работилница на тема „Женско лидерство во областа на безбедноста во Република Македонија“ на Факултетот за безбедност-Скопје. На работилницата учество земаа претставници на академската заедница и од институциите од безбедносниот систем. Работилницата ја отвори Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.Свој говор одржаа и Верица Милеска Стефановска, Претседател на Комората за обезбедување на РСМ, Савка Тодоровска Претседател на Националниот совет за родова рамноправност, претставници на „UN WOMEN во земјата, Деканот, Продеканот и Професори на Факултетот за безбедност-Скопје, како и претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Македонски полициски синдикат. Целта на работилницата беше детектирање на предностите и слабостите на женското лидерство во безбедносните органи и институции. Претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување настапија со своја презентација со цел севкупна анализа на актуелната сосотојба во цивилната заштита, истражување за моменталната сосотојба во делот на справувањето со катастрофи и улогата на жената во силите за заштита и спасување, со предлог мерки за поголема инклузија на жените во системот за заштита и спасување, како и поголема застапеност согласно своите компетенции, знаења, искуство и вештини.