Weekly News

Logo

26/04/2018

Пријава од граѓани за неексплодирани убојни средства (НУС)


Врз основа на пријава од граѓани, на 26 април 2018 година, 4 вработени од Подрачното одделение за заштита и спасување од Струмица, во атарот на с. Богородица, општина Гевгелија, извадија неексплодирани убојни средства ( НУС) и тоа 193 артилериски зрна калибар 120mm, останати од 1. светска војна. 
Исто така, во близина на браната "Паљурци" извадена е 1 граната калибар 205mm, исто така од 1. светска војна.
Вкупна тежина на пронајдените НУС е околу 2700 kg.
Акцијата е реализирана во период од 08.00 -18.00 часот.
Дирекцијата за заштита и спасување продолжува активно да ги спроведува своите надлежности, во интерес на безбедноста на граѓаните на Република Македонија.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации