28/03/2024

Подигна артилериска граната 75 мм од Првата светска војна

На ден 12.2.2019 год. во 13:10 часот од с. Кукуречани, општина Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, подигна артилериска граната 75 мм од Првата светска војна. Гранатата беше пронајдена во дворно место при изведба на земјоделски работи.

Дирекцијата и понатаму ги презема сите потребни активности за дислоцирање и уништување на НУС и неексплодирани убојни средства, како и грижата за безбедноста на граѓаните.