20/04/2024

Oбука за Идентификување на потеклото на пожар-несреќен случај или кривично дело

Од 28.01.2019 - 01.02.2019 година, Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, ја организира обуката „Идентификување на потеклото на пожар-несреќен случај или кривично дело„, која ќе ја реализираат експерти од службата за пожари и заштита од Вал д‘ Оаз, Франција. Покрај Дирекцијата за заштита и спасување во обуката учество ќе земат и релевантни институции како: Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство, Територијалните против-пожарни единици и Основниот суд Скопје 1- Скопје. На крајот на оваа обука се очекуваат конкретни резултати и стандардни оперативни процедури со кои ќе се утврдуваат постапките при дефинирање на потеклото на пожарите, што преставува и олеснување и чекор напред во јакнењето на меѓу-институционалната соработка и олеснување на координацијата и комуникацијата при спроведување на истите. Обуката претставува и одлична прилика за понатамошно градење и унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји во рамки на Цивилната заштита.