19/04/2024

Регионалната иницијатива за подготвеност и превенција од катастрофи на земјите од Југоисточна Европа ДППИ ЈИЕ

На 4 и 5 април 2018 година, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, присуствуваше на 36. состанок на Регионалната иницијатива за подготвеност и превенција од катастрофи на земјите од Југоисточна Европа ДППИ ЈИЕ, што се одржува во Анкара, Турција. 


Теми на состанокот се избор на нов персонал во Секретаријатот на ДППИ ЈИЕ и потпишување на Договорот со кој се регулира статусот на Секретаријатот во земјата домаќин, Босна и Херцеговина.  Македонија, Бугарија, Турција и Словенија го потпишаа Договорот, a за останатите држави членки, рокот за комплетирање на нацоналните процедури за потпишување на овој документ е пролонгиран до крајот на јуни 2018 година.

На маргините на состанокот, Директорот оствари билатерална средба со господин Николај Николов, директор на Главната Дирекција за противпожарна безбедност и заштита на населението од Република Бугарија. На состанокот беа договорени конкретни активности, во рамките на Билатералната спогодба која беше потпишана на 23.10.2017 година, со акцент на пренесување на нивните искуства во Евроинтеграциските процеси.