Weekly News

Logo

20/04/2018

Учество на теренска вежба во Албанија


Дирекцијата за заштита и спасување е носител на Проектот 44, насловен: "Зајакнување на способностите за прв одговор при хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарен (во натамошниот текст ХБРН) инцидент и регионалната соработка во земјите на Југоисточна Европа, Јужен Кавказ и Молдавија и Украина". Ова е проект на Европската Унија-Иницијативата на хемиско, биолошки, радиолошки и нуклеарни центри за извонредност за ублажување на ризик (European Union Chemical Biological Radiological and Nuclear Risk Mitigation Centres of Excellence Initiative (EU CBRN CoE)) како одговор на потребата за зајакнување на институционалниот капацитет на земјите надвор од Европската унија за ублажување на ризиците од ХБРН.

 

Завршна активност на овој проект беше "Суб-регионална-Балкан теренска вежба" во Тирана, Албанија на 18 и 19.04. 2018 година која претставуваше практична проверка во реализирање на целите на Проектот 44, зајакнување на способностите за прв одговор при ХБРН инциденти и регионалната соработка во земјите на западен Балкан. На вежбата учествуваше тим од пет припадници на републичките сили за заштита и спасување и тоа двајца од Дирекцијата за заштита и спасување и тројца припадници  на Територијалната противпожарна Бригада на град Скопје со дел од опремата за ХБРН заштита која е добиена како донација од Проектот 52 на  ЕУ-ХБРН Центрите за извоинредност (EU CBRN CoE). 

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации