18/04/2024

Одстранети две неексплодирани артилериски гранати

На ден 23.12.2018 година во 16 часот, пиротехничар од ДЗС од Подрачното одделение во Битола, подигна две неексплодирани артилериски гранати. Едната со калибар 75 mm, а другата со 105 mm. Гранатите беа пронајдени на патот помеѓу селата Брод и Сливица, општина Новаци од страна на граничната полиција Меџитлија.По подигањето беа пренесени на безбедна локација во Битола.