28/03/2024

Меѓународен ден на човековата солидарност

Денес е 20 декември, Меѓународниот ден на човековата солидарност, со кој треба да се прослави единството во различноста, да се подигне јавната свест за важноста на солидарноста, да се поттикне дебата за начините за промовирање на солидарноста и постигнување на целите за одржлив развој.
Обединетите нации го посветуваат овој ден и на човековите права, искоренување на сиромаштијата, гладот, болестите, заштита на планетата и обезбедување на достоинствен живот за сите.
 И Дирекцијата за заштита и спасување се приклучува кон одбележување на овој ден, бидејќи, солидарноста, меѓусебното почитување, неконфликтните политики, дијалогот, соработката, заштитата на човековите права и слободи се пат кој води до подобро општество и достоинствен живот на сите луѓе, преку солидарност и меѓусебна соработка и почитување.