Weekly News

Logo

17/04/2018

Уништување на НУС - неексплодирани убојни средства на полигонот Криволак


Дирекцијата за заштита и спасување ќе изврши уништување на НУС - неексплодирани убојни средства пронајдени на територијата на повеќе општини во Република Македонија.

Носител на акцијата за уништувањето е Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Армијата на Република Македонија и со Министерството за внатрешни работи. Уништувањето ќе се одвива на Армискиот полигон Криволак на 18 и 19.04.2018 година.

За спроведување на целата активност е формирана Комисија за следење на уништувањето која изработи План за спроведување на уништувањето со придружна документација за да може соодветно и безбедно да се изврши уништувањето.        

Уништените парчиња се пронајдени на територијата на Градот Скопје, општините: Тетово, Кичево, Битола, Куманово, Кавадарци, Штип, Струмица и Крива Паланка. Уништување ќе го извршат специјализирани пиротехничари на Дирекцијата за заштита и спасување од подрачните одделенија во Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Струмица, Штип и Куманово.


Пронајдените парчиња НУС низ Републиката ги подигаат пиротехничарите на ДЗС и ги складираат во засебни магацински простории каде се чуваат до нивното уништување.

Доколку граѓаните забележат или пронајдат НУС, Веднаш да пријават во најблиската полициска станица како би можело местото да се обезбеди и да се отстранат неексплодираните убојни средстава.

Видео

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации