28/03/2024

Обиколка на инфрастуктурните објекти на ДЗС во Битола

Денес, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски, беше во обиколка на инфрастуктурните објекти на ДЗС во Битола, поточно во Обучниот центар, кој со години е руиниран, запуштен и нефункционален.
Планот на првиот човек на ДЗС е следната 2019 година е токму тој објект да прерасне во Модерен Регионален Обучен Центар, каде силите на ДЗС, волонтерските, спасувачките и пожарникарските друштва, ќе можат да вршат обука и тренинзи.
Тој денес ги посети и Доброволното противпожарно спасително друштво ДПСД “Феникс”-Битола и Планинарското Горскоспасително друштво “Ава Кота” 1050-Новаци, кои делуваат во рамките на системот за Цивилната заштита во регионот, а со кои Дирекцијата за заштита и спасување има склучено Меморандум за соработка.