29/03/2024

Меѓународен ден на човековите права

Денеска на глобално ниво се одбележува Меѓународниот ден на човековите права. На 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание на ОН е усвоена Универзалната декларација за човекови права.

Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста и сите луѓе се исти пред законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква заштита од секаков вид дискриминација што ја повредува оваа декларација и од секакво поттикнување таков вид дискриминација.

За жал, и покрај многубројните заложби на глобално ниво и усвоените инструменти за човекови права, сведоци сме дека милиони луѓе во светот се изложени на страдања и војни, со што им се загрозени основните човекови права.

Верувајќи дека почитувањето и заштитата на човековите права и слободи е континуирана и заедничка обврска, Дирекцијата за заштита и спасување се залага за доследно почитување на  Универзалната декларација  за човековите права и другите меѓународни инструменти во насока на создавање на развиено демократско општество.