18/04/2024

Средба со вториот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во РМ

На 5.12.2018 година, во Дирекцијата за заштита и спасување се одржа средба помеѓу директорот, г-дин Аднан Џафероски и вториот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во РМ, г-дин Виктор Диакив. Се разговараше за досегашната, но и за можностите за унапредување на идната соработка во сферата на цивилната заштита помеѓу ДЗС и руското Министерство за вонредни ситуации. Гостинот ја пренесе подготвеноста на руската страна да помогне со своето искуство, експертиза и техника, онаму каде што Дирекцијата ќе изрази потреба и ќе определи приоритети.
Имајќи ги предвид позитивните искуства на претставници на ДЗС кои поминаа стручни обуки во Русија, создадени се предуслови за проширување на соработката во областа на превенцијата од и справувањето со последиците од природните и друг вид несреќи.