19/04/2024

3 декември Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Уште од 1992 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го прогласи 3 декември како  Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Оттогаш секоја година се објавува тема која го одбележува овој ден. Оваа 2018 година таа тема гласи: „Оспособување на лицата со хендикеп и обезбедување инклузивност и еднаквост“.
Денот има за цел да промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивки кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица .
Се смета, дека најмалку 10% од светската популација или 650 милиони луѓе живеат со попреченост. Во Република Македонија се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет.
Во свечената сала на Владата на Република Македонија, денес се одржа настан на тема „Зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување инклузивност и еднаквост“.
И Дирекцијата за заштита и спасување се приклучува кон одбележувањето на овој ден преку давање целосна поддршка на лицата со посебни потреби, со надеж за нивна рамноправна инволвираност во сите сегменти на политичкиот, економскиот, општествениот и социјалниот живот.