Weekly News

Logo

29/11/2018

Од Охридското езеро е извадена артилериска граната од 75mm


Утрово околу 06:30 часот, од водите на Охридското езеро е извадена артилериска граната 75mm од Првата Светска војна, со превземени безбедносни мерки.

Ангажиран беше нуркачот и пиротехнолог Милутин Секулоски тим лидер на тимот за заштита и спасување под вода од Дирекцијата за заштита и спасување, претходно обучуван и ангажиран при чистење на Охридското езеро во неколку фази од неексплодирани убојни средства заостанати од Првата Светска војна.

Во акцијата учествуваше и пиротехничар со долгогодишно искуство и ангажман од Подрачното оддление за заштита и спасување Кичево, Драгољуб Попоски, заради прифаќање и безбедно транспортирање на гранатата во магацин за привремено складирање се до нејзино уништување на локација за таа намена.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации