Weekly News

Logo

23/11/2018

Работна средба во Дирекцијата за заштита и спасување


Денес, 23.11.2018 година (петок),  директорот  на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски имаше работна средба со проф.д-р Оливер Бакрески од Филозофскиот факултет, раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир, проф. Д-р Адмир Хаџипуниќ, проф.д-р Јасмин Ахиќ  и Ермина Бакиќ, секретар на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии во Сараево, БиХ.
Дирекцијата за заштита и спасување од минатата година отпочна соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ и Факултетот за криминалистика и криминологија од Сараево, БиХ.
На работниот состанок стана збор за досегашните активности,за вежбовните активности кои следат,  а се направи и План за наредната 2019 година.
Проф. д-р Оливер Бакрески на директорот на ДЗС г-н  Аднан Џафероски му ја подари својата последна издадена книга од сферата на безбедноста, “Безбедносни системи-компаративна анализа”.
Со оглед дека Македонија се наоѓа пред многу предизвици, меѓу кои и реформата во безбедносниот систем, ДЗС искрено верува дека оваа книга ќе најде широка примена во праксата кај нас и во регионот и дека истата ќе придонесе во градењето на безбедносниот систем во земјата.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации