Weekly News

Logo

22/11/2018

Високи гости на вежбата Есенска бура-18 во Криволак


Денес 22.11.2018год, на Армискиот полигон Криволак,  Дирекцијата за заштита и спасување зема активно учество во заедничката вежба “Есенска бура-18”, преку згрижување на внатрешно расселени лица и подигнување на шаторска населба, покажувајќи го својот потенцијал за ефективно справување во кризни ситуации како одговор на модерните закани.
Беа прикажани и вежби на упад во просторија, напад на терористички камп, изведување на препад, заседа, справување со нарушување на јавен ред и мир при заложничка криза и други постапки.

Вежбата „Есенска бура-18“, која се реализира во период од 8 -13 ноември е прв успешно реализиран проект во рамките на меѓусебната соработка помеѓу примарните институции, ДЗС, АРМ,МВР и ЦУК, задолжени за безбедноста на граѓаните на Република Македонија.

На Денот за високи гости присуствуваа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, началникот на ГШ на АРМ  генерал-мајор, Васко Ѓурчиновски, генерали на АРМ, воени аташеа акредитирани во Република Македонија, претставници од ГШ на АРМ и МО, команданти на командите и Единиците на АРМ.

Високите преставници посочија дека со денешната заедничка вежба овие четири институции покажаа дека знаат како да одат напред и дека Македонија од нив со право многу очекува.

Со стручноста и подготвеноста во вежбата, овие институции покажаа дека имаат капацитет заедно и ефикасно да се справуваат со безбедносните предизвици.
Оваа вежба е одличен почеток на заедничките напори за постигнување на меѓусебна соработка и висок степен на обученост

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации