Weekly News

Logo

21/11/2018

Превентивни мерки за зимскиот период


Согласно Законот за заштита и спасување, Дирекцијата за заштита и спасување презема мерки и активности за превентивно делување и дејствување во зимски услови во наредниот период.

 За поуспешно справување со евентуалните природни непогоди и преземање на превентивни мерки и активности за претстојниот зимски период 2018/2019 година, се одржуваат состаноци со ЕЛС и другите релевантни субјекти, заради согледување на состојбата на плановите за дејствување во зимски услови и можните опасности од излевања на водите од речните корита.

Од одржаните состаноци се прават записници со заклучоци и конкретни обврски на учесниците од локалната самоуправа и другите задолжени субјекти, додека ЕЛС, согласно Планот за дејствување во зимски услови, прават валидни договори со соодветни фирми за расчистување и одржување на патните правци и пристапните комуникации до виталните објекти од јавен интерес, со преглед на расположливата механизација и други возила за интервенирање

Според член 34 од Законот за Заштита и спасување, Советот за локална самоуправа во зимски временски услови треба да

  • одлучува за воспоставување на потребна организација за заштита и спасување и за спроведување на мерките за заштита и спасување;
  • расчистување на каналите, речните корита, локалните патишта, улиците и другите инфраструктурни објекти во случај на непроодност поради врнежи од снег, наноси од снег, голомразица, наноси од земја предизвикани од силни врнежи, одрони, лизгање на земјиштето и друго;
  • да ја следи подготвеноста на единицата на локалната самоуправа за заштита и спасување;
  • да одлучува за висината на средствата потребни за заштита и спасување од буџетот на единицата на локалната самоуправа;

Според член 35 од Законот за Заштита и спасување, Градоначалникот на единицата на локалната самоуправа треба:

  • ја следи состојбата во врска со реализацијата на донесените одлуки од Советот на единицата на локалната самоуправа за спречување на настанувањето и за отстранувањето на последиците од природните непогоди и други несреќи;
  • одговорен е за подготвеноста на силите за заштита и спасување кои единицата на локалната самоуправа ги формирала;
  • го следи остварувањето на акциите за расчистување на локални патишта, улиците и другите инфраструктурни објекти во случај на настанување на природни непогоди или и други несреќи на подрачјето на единицата на локалната самоуправа;

 

 

 

 

 

 

 

 

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации