20/11/2018
Работилница за рамка на национален одговор Скопје
Од 5-9 ноември 2018 година во Хотел Порта Аеродром, Дирекцијата за заштита и спасување активно беше вклучена во Работилница за рамка на национален одговор Скопје, Република Македонија.
За време на оваа работилница имаше повеќе сценарија со настани во нашата држава (епидемија со птичји грип, закана од терористички напад, сајбер напад) со цел да се прикаже каква е рамката на националниот одговор подготвеноста, организирањето, координацијата и интеграцијата на задолжените субјекти во справување со вакви несреќи.
Поради континуитет во заштитата потребно е почесто да се организираат вакви работилници за планирање на сценарија, изработка на национален план за обуки и вежби.