19/04/2024

Размена на експерти за ГИС

Од 4-9.11.2018, Дирекцијата за заштита и спасување учествуваше во размена на експерти за ГИС (Geographic Information System) во кампусот на CIMA-истражувачката фондација во Савона, Италија.
Георафскиот информациски систем (ГИС) е компјутерски систем за снимање, чување, проверка и прикажување на податоци во врска со позициите на површината на Земјата, а може да им помогне на поединци и организцаии подобро да ги разберат просторните модели и врски.
Размената беше овозможена преку ИПА ДРАМ програмата во кој учествува и ДЗС. Во рамките на размената беше посетен и еден од најголемите истражувачки центри за наука и знаeње на Европскта Комисија JRC (Joint Research Centre) во Испра, Италија.