Weekly News

Logo

19/11/2018

Дирекцијата за заштита и спасување спаси четири завеани лица во Битола


На 19.11.2018 година (понеделник) во 00.30 часот во Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување, од СВР Битола стигна известување дека 4 (четири) лица се завеани во обилниот снег во село Горно Ореово, поради неговото интензивно паѓање во текот на целиот ден
Веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, беа превземени сите активности за спасување на завеаните лица.
По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа превземени и безбедно вратени во Битола.

Активностите околу пронаоѓањето на завеаните лица траеа до 6 часот наутро, и истите беа завршени на безбеден начин.

Ова е уште една успешна акција за спасување на луѓето, како врвен приоритет на Дирекцијата за заштита и спасување.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации