28/03/2024

Крводарителска акција

Денес, понеделник (12.11.2018) вработените во Дирекција за заштита и спасување ја покажаа својата хумана страна, преку крводарителската акција што се спроведе во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина.
Акцијата се одржа од 10-14:30 часот во просториите на ДЗС.Ова е прва крводарителска акција во последните три години, во која се вклучија многу вработени.Својата хумана страна ја покажа и директорот на ДЗС г-н Аднан Џафероски.
ДЗС верува дека ваквите крводарителски акции во иднина ќе преминат во традиција со се поголем одзив од страна на вработените.