Weekly News

Logo

02/11/2018

Оглас за вработување во Дирекцијата за заштита и спасување


Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст),  и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр.01-625/1 од 20.02.2018 година, бр.01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, 01-625/18 од 04.10.2018 година  објавува:

ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ  ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ОГЛАС

      ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 7 (седум ) ЛИЦА НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ  

 

 

 

I     Посебни услови кои треба да ги исполнат кандидатите

  1.Раководител на одделение за специјализирани услуги со воздухопловите   - 1 извршител,

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: воено технички науки, сообраќај и транспорт
  • Стручни квалификации (VIА според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според  ЕКТС или завршен VII 1 степен)
  • Искуство во раководење со летачки операции
  • Минимум 200 часови налет

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми .
  • потврда за положен испит за административно управување
  • дозвола за професионален пилот на авион CPL-A,минимум 200 часови налет

 

Паричен износ на плата: 71.980,00денари.

 

 

   2. Пилот во авиооделение – 4 извршители

Кандидатите , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо,  средно стручно образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование   
  • искуство за управување со авион, минимум 400 часа налет.

Посебни работни компетенции

  • дозвола за професионален пилот на авион CPL-A .
  • во пилотската дозвола да e впишано  Eglish  Proficiency Level 4

Паричен износ на плата: 62.342,00  денари.

      3. Воздухопловен механичар-техничар  B1 (АМС) – 1 извршители

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е да ги исполнува:

Посебни услови:

  • Образование: вишо,гимназиско или средно стручно образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство како авиомеханичар најмалку 2 години

 

     Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на англиски јазик
  • да има активно познавање на комјутерски програми .
  • да поседува дозвола за авиомеханичар – tip B1  (АМС )

Паричен износ на плата: 36.163,00 денари.

4. Воздухопловен механичар-техничар по B2 (ИРЕ) – 1 извршители

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо,гимназиско средно стручно образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство како авиомеханичар најмалку 2 години

     Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на англиски јазик
  • да има активно познавање на компјутерски програми .
  • да поседува дозвола за авиомеханичар  tip B2  (ИРЕ)

 

Паричен износ на плата: 36.163,00 денари.

 

 

II. Општи услови кои треба да ги исполнат кандидатите:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здраствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

 

.

 

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена кај нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија

2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/оригинал или копија со нотарска заверка верно на оригинал

5.Доказ за познавање на јазик

6.Доказ за работно искуство

7.Доказ за познавање на компјутерски програми/ оригинал или копија

8.Дозвола  за професионален пилот на авион CPL-A,  со минимум часови на налет 400 часа.

9.Дозвола за авиомеханичар-техничар  B1 ( АМС),

10.Дозвола за авиомеханичар-техничар  B2 (ИРЕ),

11.Потврда за положен испит за административно управување (за работното место број.1)

12.Биографија – со назнака за која работна позиција аплицира,

III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата-максимум 40 работни часови,работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.

       Работни денови: од понеделник до петок – оддление за специјализирани услуги со воздухоплови  во Меѓународен  Аеродром Скопје-Скопје.

           Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр . 8 - Скопје касарна Гоце Делчев –Аеродром - Скопје(со назнака ,,за оглас за вработување,,)

Пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е осум (15) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување)

Изборот на кандидатите  ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на неопределено време .

 

                                                                                          ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                                                Д И Р Е К Т О Р

                                                                                                          АДНАН ЏАФЕРОСКИ

 

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации