Weekly News

Logo

15/10/2018

Скринингот во Дирекцијата за заштита и спасување отпочна денес


Скринингот што во Дирекцијата за заштита и спасување,  во период од 15-25 октомври ќе го спроведува тим од ЕУ и државите кандидатки,  отпочна денес,  со официјален состанок,  кој го отвори и го водеше господин Аднан Џафероски,  директор на Дирекцијата.

На состанокот учествуваа членовите на експертскиот тим,  во состав:  Биљана Зубер од Европската Комисија, Оуен Џексон од В.  Британија,  Салем Јусфи од Тунис,  Дирк Кам од Германија,  Хуго ван Манен од Холандија,  Герард Валтер од Германија и Самир Агиќ од БиХ.

Покрај нив,  присутни беа и господин Драган Николиќ,  државен секретар во Министерство за одбрана,  Екрем Зендели, заменик Директор на ДЗС,  Зеќир Јакупоски,  заменик Директор на Центарот за управување со кризи,  Тони Станковски,  помошник  на Директорот за БЈБ во МВР,  Валентина Иванова од МВР,  Драги Тарчуловски од ЦУК, Тони Зафироски од СЕП, како и господинот Никола Бертолини,  претставник на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

Со скринингот,  кој е инструмент во рамките на Европскиот Механизам за цивилна заштита,   ќе се направи детална анализа на сите клучни сегменти во системот за заштита и спасување,  ќе се детектираат слабостите,  но и добрите практики,  ќе се разменуваат искуства и ќе се дадат насоки и препораки,  кои ќе придонесат во унапредување на системот.

Двете страни се согласија дека ова  ќе биде позитивно искуство за сите и дека се случува во вистински момент,  кога се подготвуваме за сериозни промени.  
Процесот  особено го поддржа претставникот на Делегацијата на ЕУ во РМ.

Директорот Џафероски го заврши состанокот, потенцирајќи го значењето на оваа мисија од која очекуваме многу и им посака на сите успешен престој и работа.

Видео

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации