28/03/2024

Peer review

е инструмент во рамките на Европскиот Механизам за цивилна заштита, кој го поддржува  интегрираниот пристап кон управувањето со вонредни ситуации, превенцијата од катастрофи, подготвеноста и одговорот.
Истовремено, тоа е политички механизам кој ги идентификува добрите практики и сферите кои имаат потенцијал за унапредување на системот за справување со вонредни ситуации во државата.
Скринингот базира врз транспарентност, колегијалност, доверба и консензус.
Во контекст на ова, на 10 Октомври ДЗС одржа подготвителен состанок со претставници од релевантните инстутуции кои се дел од системот за заштита и спасување и кои ќе бидат опфатени со скринингот (МО, МВР, АРМ, Мин.за здравство, МЗВШ, ЈП "Македонски шуми", Црвен крст на РМ, ЗЕЛС, Факултет за безбедност - Скопје, Институт за одбранбени студии при Филозофски факултет - Скопје, претставници на ТППЕ и Мрежата нз ТППЕ при ЗЕЛС).